ВИЗИЈА И МИСИЈА
Во текот на својот од - низ децениите нашето училиште неуморно ја реализира својата образовна и културна мисија:
Училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид егзистира веќе 67години.Негова задача и цел е да едуцира и рехабилитира деца и младинци со оштетен вид до степен на осамостојување за професионален и личен живот. Крајната цел е интеграција на овие деца во сите сфери на општественото живеење и делување. Сето ова се постигнува преку следење на основното училиште, музичкото училиште исредното стручно образование. Ние сме училиште во кое се негува меѓусебна почит, еднаквост, безбедност, мотивираност и етничка толеранција.
Ние секојдневно:
- осигуруваме квалитено образование на учениците, користејќи современи методи и облици на работа (групна и тимска работа, истражуваме, активно учиме...) со што поттикнуваме развој на општата култура;
- ја поттикнуваме индивидуалноста кај учениците и наставниците;
- ги припремаме учениците за целоживотно учење;
- поттикнуваме и овозможуваме континуиран професионален развој на вработените;
- ги поддржуваме и поттикнуваме наставниците да го усовршуваат планирањето на наставата
- со отворена комуникација создавме топло и сигурно опкружување за раст и развој на учениците, учиме и си помагаме едни на други, ценејќи ги индивидуалните способносит на сите ученици;
- поттикнуваме позитивни особини како што се упорност, истрајност, искреност, одговорност, пријателство, грижа за другите, дисциплина и негуваме морални и етички вредности;
- ги откриваме индивидуалните потенцијали на учениците преку создавање на целосна и јасна слика за нив преку водење на ученичко досие
- го негуваме творештвото и креативноста;
- пружаме стручна помош;
- особено се грижиме за учениците со потешкотии во учењето и за оние надарени и талентирани ученици;
- соработуваме со родителите и локалната заедница и одржуваме партнерски односи;
- ја поттикнуваме еколошката свест кај учениците и овозможуваме нивниот престој во училиштето да се одвива во чиста и здрава средина.
Секојдневно исполнувајќи ја мисијата на училиштето се стремиме кон остварување на нашата визија:
- Училиште кое ќе одговара во целост на индивидуалните потреби на децата и потребите на родителите. Со пријатна клима за работа и престој во училиштето. Располага со соодветен високо професионален стручен кадар кој ќе има можност да ги следи сите нови текови во тифлопедагогијата и ќе го напредува професионалниот развој на сите вработени;
- Училиштето ќе биде опремено со кабинети со специфични, современи тифлотехнички наставни средства и дидактички материјали, со примена на методи на активно учење и индивидуализиран пристап и индивидуална настава.
- Крајната цел е интеграција на децата и младинците со оштетен вид во сите сфери на општественото живеење и делување.
- Кон остварување на оваа наша определба се насочени сите структури кои го сочинуваат нашето училиште.
- Училиште со квалитетна и современа настава според потребите на учениците
- Училиште со креативен и поттикнувачки карактер, кое со современи методи го обликува детето во човек кој е отворен и спремен за средба со понатамошните образовни, професионални и пред се животни предизвици.
- Училиште со креативни и упорни ученици за кои остварената визија би била констатацијата
- Училиште кое е биде поддршка на децата со оштетен вид во редовните училишта.